Во суморната атмосфера на глобалното сивило надвиснато над затекнатата и исплашена јавност во неизвесноста и ишчекувањата што ги носи глобалната зараза на коронавирусот, македонскиот дел од светот ненадејно е разбрануван со божемниот пост фестум и нови „откривања“ на националната осамоосвестеност дека е дојдено време кога би требало да се прифати реалноста и како тоа го обликува подостарениот професор и советник на актуелниот шеф на државата Денко Малески, велејќи дека – „историска вистина е оти Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари и дека некогаш сме биле еден ист народ“..

Првиот македонски министер за надворешни работи, по осамостојувањето од југословенската федерација, професорот по меѓународна политика и право на државниот Правен факултет во Скопје, Денко Малески, иако не е историчар некомпетентно во интервјуто за еден бугарски медиум оценува – „дека ние (Македонците) мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ (со Бугарите)”. 

Конкретно последните изјави на советникот на претседателот Стево Пендаровски, како е соопшетно од Кабинетот, “не кореспондира со ставовите на претседателот”. Истовремено, со тие “лични ставови” не се согласува ни претседателот на Комисијата за македонско-бугарски образовни и историски прашања, Драган Георгиев. Самосвестениот Бугарин Малески, пак цврсто стои зад изјавите за Делчев и Мисирков. Од Владата на Република Северна Македонија, пак, тврдат дека “ставовите на Малески се лични и не ги претставуваат позициите на Владата на РСМ…” 

Во тоа пренасочување и своевидно прилагодување на некои (не)очекуввани и наметнати задачи за отстапувања пред бугарските условувања во преговарачкиот процес на претстојното квалификување за прокламираното и стратегиски “без алтернатива” одредено влегување во ЕУ, изненадувања од вакви и слични “поуки” се поизвесно е допрва ќе следат. 

За разлика од официјалните оградувања од “личните ставови” на професорот, кој сепак останува во советничкиот тим на претседателот на државата, пробугарските откритија и “поењата” на братиата на Партениј во Бигорскиот манастир остануваат во функција на одолжената замолна служба кон поскуваната “мајка црква”… 

Генерално професорот, монахот и сличните следбеници, неспорно можат да си бидат Бугари во свое име. Ама никако со преведување на сите денешни Македонци со потекло од егзархисти, може мнозинството но сепак има и дел што се од патријаршисти. Како тие да бидат поранешни Бугари? Или, они треба да се колатерална штета за ЕУ? Згора на тоа, и голем дел од егзархистите се на сила или со пари приклонети кон егзархијата и далеку од тоа е и помисла денес сите нивните потомци да мислат дека се со бугарско минато. 

Во време кога толку се пропагираат човекови права и индивудуални слободи и право на избор на идентитет, во време кога дури и припадноста кон пол/род е лична определба а не на Богомдана природа… 

Колку има денес граѓани во оваа држава што се декларираат како Македонци а се со српско, (оние од типот „дедо ми и татко ми беа Срби, а јас сум Македонец…“) или влашко потекло. И тие ли се со бугарско потекло? И Торбешите/Горанци ли се со бугарско потекло? Па во време кога нивните предци преминувале во ислам никој не слушнал за Бугарин… 

Зошто се зема еден период од неколку децении за одредница? Ако и било мнозинството Бугари тоа било од формирање на егзархија 1870 до ослободување 1912, четири децении. Дали се тие четири децении најважни? А пред тоа сите комплет биле под Цариградска патријаршија, дали тоа значи дека сите се Грци или Ромеји? 

Па исто четири децении под Јосип Броз Тито мнозинството тука во Македонија било југословенски ориентирано, вклучувајќи го и сега самосвестениот Бугарин Малески, што ако утре некој се фати за тој период? 

Мисирков вели дека народот тука пред да се декларира како Бугари и Грци со векови претходно се декларирал како Срби, и што правиме со тоа? 

Зошто Мисирков, Даме Груев, Петар Поп-Арсов и десетици други дејци кои завршиле бугарска гимназија во Солун, прво отишле дури до далечен Белград да студираат? Дури отпосле се префрлиле во Софија откако бугарскиот агент им понудил подобри услови, На крајот некои завршиле во Русија. И во таа егзархиска солунска гимназија не успеале да ги убедат дека се Бугари… Додуша, факт е дека покасно некои станале Бугари, на толку пари и плати…

Во тие иновирани толкувања, кога векови се врлат во вода, за четири децении, што со Ѓорѓија Пулески? И тој ли е Бугарин? 

Колку само сличности со овие денешни бранувања, и тој Денко од београдска ју-школа на крај, под стари денови, од некои само нему знаени причини се побугарчи.

Милутин Станчиќ ФБ