????????????????????????????????????

Секогаш сум мислелеа дека градоначалник на еден град треба да биде роден во градот каде ја извршува функцијата, од едноставна причина што секогаш ќе го чувствува како свој. Но Јосиф Михаиловиќ, син на градител, роден во село Тресонче е исклучок кој го потврдува правилото.

И она што семтам дека е многу важно се две работи, особено за град кој се оформувал и од една турска касаба почнувал да добива урбан, градски лик. Првата е дека е архитект и тоа не било каков. И втората, дека е извонредно образован и мудар, што несомнено го прави широк човек и голем визионер. Зато што само човек со вакви особини може да се врати од белиот свет, тамо, каде некој би помислил и дека не му е место на еден светски образуван архитект и џентлмен, за да го донесе светот и тоа оној напредниот. Но тој господин имал визија и точно знаел што сака да направи и што е многу важно знаел како.

Неговото велелепно образовани почнувајќи од Бигорскиот манастир, преку Скопје, Солун, Техничкиот факултет во Белград, усовршување во Италија, специјализација во Ајова, доусовршување во Париз и Лондон звучи фантастично, Тоа го можат само оние најталентираните, најпосветените и највредните.

Но и тие не можат сами, потребно е да им се подаде рака, па така Јосиф препознаен како исклучително талентиран, државата на 23 години го испраќа на усовршување во Италија да специјализира класична уметност и архитектура. Се враќа во земјата и превирањата на Балканот не го одбегнуваат. Доброволно учествува во Првата балканска војна.

За учеството во Кумановската битка нашишал и книга за своите спомени, доживувања и сите човечки емоции од восхит до страв кои ги предизвикуваат ужасите на вајната. Војната брзо го созрева и тој на само 25 години знае што е тоа предавство, а што патриотизам, борба за слобода, почитување и не се срами да признае и дека се плаши. Тој вели: „…целата сцена: планината, шумата, месечината, ноќната тишина и тивкото повторување како во хор, на прости, но возбудливи зборови, беше така таинствена, што бевме допрени до солзи. Ни беше весело и топло околу срцето и чувствувавме гордост што се наоѓаме тука и што тргнавме по толку свето нешто“.

Учествува и во Првата светска војна и ја поминува голготата преку Албанија заедно со војската и народот и стигнува на островот Крф од каде српската влада го испраќа во САД. Самиот признава дека сфатил дека не е за војник, и бил во право, тој е архитект до срж.

Народна банка и Стопански дом

Овие случувања во младоста го формираат како личност со висок морал. По завршувањто на војната работи во Белград и се доусовршува во Франција и Англија каде се запоснава со современите архитектонски текови.

И токму кога човек ќе си помисли, што повеќе од ова, тој како искусен архитект се враќа во Скопје и на 42 годишна возраст е назначен за претеседател на градското собрание. Веднаш започнува со активности за да создаде од Скопје град. И се разбира првата работа која е неопходна е урбанистички план. Михаиловиќ извршил авионско снимања и геодетски премер на градот и го изработил Генералниот регулационен план на Скопје. Овој план го работел според идејниот проект на белградскиот архитект Димитрије Т. Леко, школуван во Цирих и Минхен. Леко во 1914 година ја добива првата награда на конкурсот за планот на Скопје.

Црвен крст

По усвојување на Генералниот план во 1930 година Михаиловиќ се посветил на својата визија. За време на својот мандат изградил голем број објекти, меѓу кои и зградите на Црвениот Крст и Јавната берза на трудот (денес зградата на социјално), објекти на кои е и проектант. Двата објекта се од социјален карактер и се за општествено добро. Јавната берза за трудот е објект во склад со тогашниот Закон за заштита на работниците, наменет за преноќиште и исхрана на невработени работници, кои тука престојувале се додека не се вработат.

Михаиловиќ со години се борел да добие средства за објектот. И успеал да се договори градот да даде локација со површина од 1.500 квадратни метри, да го превземе на себе изработувањето на техничката документација, а парите за изградба да ги добие од Министерството за социјална политика од Белград и во 1939 година објектот се гради. Ова само ја покажува неговата социјална нота и грижа за граѓаните. Денес, 80 години подоцна, Скопје објект со ваква намена нема. За време на неговиот мандат се изградени четири основни училишта, меѓу кои „Цар Душан“ (подоцна „Гоце Делчев“) и „Његош“ и женската гимназија. Денес во Скопје во последните 30 години изградени се две. Изграден е студентски дом „Крал Петар“, детското одмаралиште под Водно „Краљ Александар I“, Вакувската дирекција, Домот на Сојузот на архитекти и инженери, Домот на Аграрната заедница, Лекарска комора, Домот на пријателите на Франција, Дом на Коло на српски сестри, индустрисјата за тутун „Вардар“ (денес зградата Монопол), фабрика за конзерви, фабрика за текстил во новата индустриска зона, денес населба Автокоманда, сапунарата „Аеро“ подоцна „Цветан Димов“, хигиенски завод, денес е дел од Клиничкиот центар, две спортски сали, два армирано бетонски моста на Вардар.

Бановина

И капиталните објекти: зградата на Вардарска бановина, денес Собрание, Народна банка, Железничка станица (денес Музеј на град Скопје), Трговскоата комора (денес „Метропол“), Завод за социјално осигурување на работниците (денес Градска болница), зградата „Ибни Пајко“, дом на семејството Диќиџијан (денес хотел „Јадран“), Киното „Уранија“ (денес „Култура“), култната железничка зграда, најголем станбен објект во тој период, плоштадите „Крал Петар“, „Ослободување“, „Слобода“.

Јосиф се занимавал и со публицистичка дејност, ги издал книгите: „Улогата на нашите градови во електрификацијата на Југославија“, „Развитокот на градовите и населбите од ослободувањето до денес“, а одржал и предавање на 13. Конгрес на југословенските инженери и архитекти, одржан 1932 година во Скопје на тема „Важноста на науката за уредувањето на градовите (за урбанизмот)“.

Официрски дом

За да го заштити Скопје од поплави од водите на Вардар го изградил насипот во градски парк и направил регулација на реката Серава која ги полавувала населбите Чаир и Топана. За време на мандатот на овој голем градител 280 километри од градските улици се калдрмисани, направени се 20 нови раскрсници, неколку тениски и два фудбалски терена под тврдината Кале, зелен пазар во центарот на градот. И секако тука се и двете коњанички скулптури на Кмениот мост, дело на Антун Аугустинчиќ.

Скопје

Јосиф се ова не го направил сам. Позади него стоела и државата и политиката и тоа е секогаш така кога се сооздава град и кога се градат капитални објекти. И во тоа нема ништо лошо кога државата е мудра и умее да препознае вистински квалитет. А е совршено кога првиот човек на градот е професионалец, па уште и добар архитект кој исто така знае да препознае квалитет, па така и архитектите кои тогаш твореле во Скопје не биле случајни и се мошне квалитетни.

Во Скопје дејствува широка лепеза на архитекти кои го создаваат градот: Иван Артемушкин еден од најактивните, Велимир Гавриловиќ, Богдан Несторовиќ, Виктор Худак, Лујо Тунер, Михаил Дворников, Глигорие Томиќ, Сотир Томовски, Кирил Жерновски и други. Архитектите кои проектирале се индивидуални творци кои воглавном потекнувале или живееле надвор од Скопје, секој со свој личен став кон архитектурата и влијание од средината во која живеел, па така се чувствуваат влијанијата на повеќе архитектонски стилови: руски академизам, барок, неовизантиски стил, умерена еклектика, поедноставени варијанти на академизмот, присуство, но и прочистување од декоративни елементи,  па се до храброто воведување на тогаш европските авангардни правци, Модерната, Интернационалниот стил, кои се отсликуваат во стаклена ѕид завеса на објектот на Трговската комора на Милан Злоковиќ или доаѓањето на Баухаус во Скопје со нагласената хоризонтала и полно и празно, прочистената црвенкастата фасада на Драго Иблер на објектот денес Градска болница.

Звучи убаво, но секако било многу и тешко и сложено, особено во град каде инжинери скоро и да немало. Како што самиот ќе напише: „Напредокот на нашите градови не е оној кој би сакале да биде. Тој личи на проодување на дете кога прв пат ќе зачекори“. Јосиф Михаиловиќ успеал да го научи детето да оди.