17. мај 2014.


Поводом незапамћених елементарних непогода које су погодиле Републику Србију, обавештавамо све заинтересоване који желе да помогну да је Црвени крст Републике Македоније, у координацији са Амбасадом Републике Србије у Скопљу, организовао хуманитарну акцију.


У прилогу је текст саопштења.


До : Средствата за јавно информирање
Од: Црвен крст на РМ
Предемет : Соопштение за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина


Црвениот крст на РМ веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина, направи контакти со двете Национални друштва на Црвениот крст и согласно материјално човешките ресурси понуди помош во екипи и опрема за спасување ( гумени чамци, спасители, тим за проценка за хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода).
Согласна нивната проценка во моментот има потреба од следнава помош: храна , средства за хигиена, нова облека и обувки , кебиња, бебешка храна, вода за пиење.
За таа цел Црвениот крст на РМ ги превзема следниве активности за обезбедување на помош:


1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ во Момин Поток со адреса ул. Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје.


Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ ги повикуваат компаниите и хуманите грађани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население . Хуманитарната акција започнува од 17.05.2014 – 31.05.2014 година.За текот и резултатите од акцијата јавноста ке биде навремено и соодветно информирана.